Рома на лето може да се раздели со Мурињо

16.01.2023 18:20

Мурињо е на чело на Рома од летото 2021 година. Во својата прва година, тој и неговиот тим ја освоија Конференциската лига, прв трофеј за римјаните од 2008 година.

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо може да го напушти тимот летото 2023 година, објави „Sky Italia“.

Според италијанскиот медиум, португалскиот стручњак е незадоволен од работата на раководството на тимот.

Мурињо е на чело на Рома од летото 2021 година. Во својата прва година, тој и неговиот тим ја освоија Конференциската лига, прв трофеј за римјаните од 2008 година.

Рома моментално е на 7. место во Серија А.