Денеска завршува вториот оглас на Град Скопје за избор на приватни превозници
Напладне истекува рокот за вториот јавен повик на Град Скопје за ангажирање приватни превозници на линиите 9,11 и 12...

Напладне истекува рокот за вториот јавен повик на Град Скопје за ангажирање приватни превозници на линиите 9,11 и 12. Од градските власти молк. Нема информација дали досега некој се пријавил.
Првиот повик за линиите 20 и 22 пропадна. Приватниците не се пријавија поради тоа што градоначалничката Арсовска го раскина договорот со нив.
Арсовска тврди дека ЈСП има доволно автобуси и нема проблеми со јавниот превоз, но со двата огласи се бараат дополнителни 48 автобуси и 103 возачи. Сè уште нема најава кога Ковачевски ќе има средба со претставниците на ЈСП и на приватниците. Сè уште ги чека резултатите од инспекцискиот надзор на УЈП во ЈСП.
