Кличко: Загрозена инфраструктурата во Киев
Виталиј Кличко очекува од западните сојузници да го забрзаат распоредувањето на противвоздушни одбранбени системи...

„Инфраструктурата на Киев може да се урне во секоја секунда бидејќи спорадичните руски ракетни напади и ниските зимски температури вршат поголем притисок врз локалните власти“, изјави градоначалникот на украинската престолнина.
Виталиј Кличко очекува од западните сојузници да го забрзаат распоредувањето на противвоздушни одбранбени системи. Според Киев, Москва цели кон цивили и клучната инфраструктура и го загрозува снабдувањето со електрична енергија, вода и греење.
Во меѓувреме, руската војска соопшти дека придружувала германски извидувачки авион над Балтичкото Море подалеку од рускиот воздушен простор. Обединетите Нации проценија дека во војната досега загинале над 7.000 лица.
