Турција

Ердоган: Шведска и Финска да ни предадат 130 терористи ако сакаат во НАТО

17.01.2023 09:25

Лани двете скандинавски држави аплицираа за членство како одговор на руската инвазија на Украина. Барањето треба да биде одобрено од сите 30 членки а досега тоа не го направија само Турција и Унгарија.

„Шведска и Финска мора да депортираат или екстрадираат до 130 терористи во Турција, пред турскиот парламент да ја ратифицира нивната апликација за членство во НАТО“, изјави претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Лани двете скандинавски држави аплицираа за членство како одговор на руската инвазија на Украина. Барањето треба да биде одобрено од сите 30 членки а досега тоа не го направија само Турција и Унгарија.

Анкара очекува Шведска да заземе појасен став околу дефиницијата за „терористи“, алудирајќи првенствено на курдските милитанти и на групата која ја обвинува за обидот за државен удар во Турција во 2016 година.