Калифорнија

Над 20 жртви во поплавите во Калифорнија

17.01.2023 09:29

Над 20 жртви во поплавите кои ја поплавија Калифорнија во последните три недели...

Над 20 жртви во поплавите кои ја поплавија Калифорнија во последните три недели. Евакуираните конечно може да се вратат дома, а државата да се фокусира на поправка на оштетените патишта и далноводи.

Според гувернерот Гевин Њусом, десетици илјади луѓе се раселени. Во многу калифорниски окрузи останува во сила вонредната состојба. Националната метеоролошка служба тврди дека иако катастрофални, дождовите ги ублажиле последиците од историските суши.

Синоптичарите предупредуваат дека ново невреме може да донесе умерен дожд во вторник и среда, а остатокот од јануари би требало да биде сув.