ЕСМ

АД ЕСМ произведе 18.398 мегават часови електрична енергија, од нив 330 се продадени како ноќни вишоци

17.01.2023 09:30

АД ЕСМ вчера произведе 18.398 мегават часови електрична енергија, со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, информираат од Владата...

АД ЕСМ вчера произведе 18.398 мегават часови електрична енергија, со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, информираат од Владата.

Од нив, како што посочуваат, во термоелектраните се произведени 13.988, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци 4.410 мегават часови.

-Во изминатото деноноќие АД ЕСМ продаде 330 мегават часови ноќни вишоци електрична енергија, потенцираат од Владата.