Дождот не ја спречи прославата на 1-ви мај!
Најполно со излетници беше на Водно и Марков манастир, на Матка дождот ги разбрка дури и најупорните...

Малку сончеви периоди, малку дожд. Тоа е сликата речиси секоја година за празникот на трудот 1-ви мај. Забележавме дека годинава граѓаните не излегоа масовно на овој ден како други години, но оние што решија да бидат поголеми авантуристи, најдоа начин да уживаат и во променливото време.
„Секоја недела одам на Водно, така што вообичаено денот ми тече... Утре ќе одиме на Водно, денеска мислев дека ќе има доста нород тука, ама гледам некако слабо има... Се смееме, играме, муизика си слушаме...Во фамилијарен состав, со пријатели, да се одбележи денот, традиционално ама не како што беше порано, туку да се одржи традицијата“, велат случајно анкетираните излетници.
Казната за палење оган на јавна површина е 200 евра, а за фрлање отпад 50 евра. Некои не го почитуваа законот па се трудеа да ги запалат мокрите дрвца, други пак, се што им е потребно си донеле од дома. Велат ова е ден кога можат да се видат со пријателите, да му посветат време на семејството.
Најполно со излетници беше на Водно и Марков манастир, на Матка дождот ги разбрка дури и најупорните во намерата да уживаат во убавата природа и да поминат ден со најблиските.
Александра Перевска
