Аргентина е финале за Македонија
По двата убедливи порази од Норвешка и Холандија, нашиот национален тим вечерва е без право на грешка и само позитивен резултат, ја води Македонија во битка за пласман на Светскиот самит...

Црвено жолтите вечерва од 18 часот против селекцијата на Аргентина го играат решавачкиот натпревар во групната рунда за пласман во втората фаза на Мундијалот.
По двата убедливи порази од Норвешка и Холандија, нашиот национален тим вечерва е без право на грешка и само позитивен резултат, ја води Македонија во битка за пласман на Светскиот самит. Поразениот од оваа пресметка оди во Плоцк каде ќе се играат мечевите од Президент купот.
Добрата игра во одбрана и намалениот број на технички грешки во нападот вечерва ќе бидат клучни за посакуваниот триумф.
Подмладениот тим на Македонија предводен од Манасков, Талески, Кузмановски, вечерва ќе биде пред испитот на зрелост бидејќи поразите во првите два меча беа очекувани, но јавноста очекува триумф на дуелот против солидната Аргентина, успех кој беше најавен уште пред стартот на Мундијалот.
