Германија
Борис Писториус е новиот министер за одбрана на Германија
17.01.2023 11:40
Борис Писториус, поранешниот министер за внатрешни работи на германската покраина Долна Саксонија, е новиот министер за одбрана...

Борис Писториус, поранешниот министер за внатрешни работи на германската покраина Долна Саксонија, е новиот министер за одбрана.
Функцијата ја наследува од Кристин Ламбрехт, која поднесе оставка поради критиките околу испраќањето оружје на украинската армија. Борис Писториус претходно извршуваше функции на локално ниво.
