Кина

Првпат по децении регистриран пад на бројот на населението во Кина

17.01.2023 12:09

Заводот за статистика во Пекинг со алармантни податоци кој најавува опасен тренд за кинеската економија...

Заводот за статистика во Пекинг со алармантни податоци кој најавува опасен тренд за кинеската економија. Лани за прв пат по шест децении бил регистриран пад на бројот на жители.

Освен политиката на „едно дете“ која беше на сила до 2015 година, експертите веруваат дека клучни фактори биле и превисоките трошоци за живот и пандемијата.

„Постои голем притисок околу децата, кој се осмелува да има деца? Стапката на невработеност е превисока, ковидот уништи сè, не можеме да преземеме ништо. Идната година пак ќе имаме пад“, вели жител од Кина. 

„Ова беше неизбежен исход. Луѓето што биле родени во 2000 година, сега се во своите дваесетти години и многумина не сакаат да имаат деца. Економските услови и општествената клима придонесоа за пад на населението“, вели жител од Кина.

Се очекува годинава Индија да ја престигне Кина по бројноста на населението.