ИЈЗ: Широка трансмисија, соодветен одговор
Според извештајот на Институтот за јавно здравје, од 8-ми до 15-ти јануари регистрирани се 203 нови позитивни случаи на Ковид-19, што е за речиси 15 проценти помалку во однос на претходната недела. Пријавени се 61 реинфекција или 30 насто помалку...

Според извештајот на Институтот за јавно здравје, од 8-ми до 15-ти јануари регистрирани се 203 нови позитивни случаи на Ковид-19, што е за речиси 15 проценти помалку во однос на претходната недела. Пријавени се 61 реинфекција или 30 насто помалку.
Во болнички услови починале 2 лица од Скопје, на возраст од 87 години, со коморбидитети. Моментално се хоспитализирани 32 лица, што е за 6,7 насто повеќе во споредба со претходната недела. Од нив 14 се на кислородна поддршка. Нема пациенти на механичка вентилација.
Македонија е во фаза на широка трансмисија, подниво 1, со соодветни капацитети за одговор, се вели во извештајот на Институтот за јавно здравје.
