ДЗР

Само половина од мерките за реформи во правосудството се целосно спроведени

17.01.2023 13:52

Само половина од мерките за реформи во правосудството се целосно реализирани, утврди Државниот завод за ревизија. Од вкупно 130 мерки, кои биле предвидени во стратегијата за реформи во правосудниот сектор 2017-2022 година и акцискиот план, целосно се реализирани само 52 насто...

Само половина од мерките за реформи во правосудството се целосно реализирани, утврди Државниот завод за ревизија. Од вкупно 130 мерки, кои биле предвидени во стратегијата за реформи во правосудниот сектор 2017-2022 година и акцискиот план, целосно се реализирани само 52 насто.

Делумно реализирани се само 34, а нереализирани се 14 насто. Во извештајот се наведува и дека од 366 милиони денари планирани за 15 мерки биле искористени само 74 милиони.

„Ваквата состојба се должи на несоодветно дефинирање на мерките за остварување на целите, отсуство на јасни мерливи индикатори, нереални рокови, проценети избори на финансиски средства, недоволна координација на институции и надлежни тела носители на мерки и активности“, велат од Државната ревизија.