Загина 63-годишен маж во пожар во Струмица
Шеесет и тригодишник со иницијали А.Е. изгоре во пожар што синоќа околу 20 часот ја зафатил неговата семејна куќа на улицата „Пиринска“ број 26 во Струмица...

Шеесет и тригодишник со иницијали А.Е. изгоре во пожар што синоќа околу 20 часот ја зафатил неговата семејна куќа на улицата „Пиринска“ број 26 во Струмица.
Како што информираат од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Струмица, пожарот бил пријавен синоќа во 20:16 часот, а бил изгаснат по еден час.
Во гаснењето на огнените јазици учествувале три противпожарни возила и девет пожарникари.
Загинатиот 63-годишник, според информации на ТППЕ Струмица, бил член на семејството што живеело во куќата.
Трагичниот епилог на пожарот го потврдија и од Секторот за внатрешни работи (СВР) Струмица.
„Синоќа во 20:54 часот во полициска станица Струмица било пријавено дека настанал пожар во куќа сопственост на А.Е. (63) на улица ’Пиринска‘ во Струмица, во која било пронајдено и едно починато лице“, велат од СВР Струмица.
