Кој колку работи во Европа?
И додека во некои европски земји се уште се расправа за тоа дали нов Закон за работа ќе донесе и до 60 часа работа неделно, од северот на Европа пристигна веста дека Шведска почна со теститирањето за воведување на шестчасовен работен ден...

Во Европа во момнетов две теми се најактуелни - Кој колку работи во Европа и како се справуваат оние земји во Унијата којшто најмногу беа погодени од кризата околу намалување на невработеноста.
Анализите на Евростат покажаа дека според работните часови земјите на Унијата се поделени во две групи, на оние којшто работната недела изнесува 40 работни часа и на оние каде што работната недела таре 48 часа.
И додека во некои европски земји се уште се расправа за тоа дали нов Закон за работа ќе донесе и до 60 часа работа неделно, од северот на Европа пристигна веста дека Шведска почна со теститирањето за воведување на шестчасовен работен ден, со цел да се влијае на намалувањето на боледувањето и зголемување на ефикасноста при работењето.
„Пред 4 години го додржавме законот за 35 часовна работна недела. Француската десница ги обвини социјалистите, а Сракози за време на кампањата отиде до таму навредувајќи ги французите дека малку работат“, вели Фабијан Монсри, политолог.
Според Евростат работните часови на земјите членки на Унијата се поделени во две групи, на оние каде што работната недела изнесува 40 работни часа, и на оние земји кадешто се работи 48 часа неделно.
Според анализата граѓаните во посиромашните земји членки работат подолго, но со помала продуктивност, а додека нивните колеги од западните земји работат пократко и се поефикасни, а и имаат повеќе време за одмор.
„Имаме добри закони со кои се заштитени работниците во земјата, но и ние не сме имуни на кризата“, вели Хеле Торниг Шмит, премиер на Данска.
Просечната недела во Белгија е 37 часа во Данска 33,7, во Германија 35, а во Бугарија 40, 7, во Кипар 39,8 часа, а во Шведска и Велика Британија се работи во проек 36,6 часа.
Податоците на Евростат велат дека во 28 земји членки на Унијата невработеноста, се уште не е помала од 26 милиони од кои 19 милиони во Еврозона и никогаш не беше намерата на владата.
Најниска стапка на невработеност има во Австрија, 4,9 насто и во Германија 5,2 насто, а најмногу невработени има во Грција, 27 насто и Шпанија 25 насто.
„До 2015-та ќе ги спорведеме реформите и очекуваме за првпат годинава да ја намалиме вработеноста под 20 насто“, изјави Луис де Гуиндос, министер за економија на Шпанија.
Што се однесува за невработеноста кај младата популација до 24 години, во Унијата во просек изнесува 23,3 насто, а најниска стапка бележат Герамнија и Австрија.
Мирјана Василева
