„Таргет- Тврдина“ распределен кај друг судија
За злоупотреба со нелегално прислушување и масовно прекршување на човекови права се обвинети ексдиректорот Сашо Мијалков, поранешната министерка Гордана Јанкулоска, како и поранешни вработени во УБК и МВР.

До Кривичниот суд пристигна одлуката на Апелација за поништување на првостепената пресуда за „Таргет-Тврдина“. За злоупотреба со нелегално прислушување и масовно прекршување на човекови права се обвинети ексдиректорот Сашо Мијалков, поранешната министерка Гордана Јанкулоска, како и поранешни вработени во УБК и МВР.
Предметот е распределен на Судскиот совет кој го води судијата Илија Трпков, затоа што претходните судии не се веќе во одделот за гонење организиран криминал.
Иако Апелацискиот суд најави дека решението за поништување на пресудата ќе биде објавено на веб-страницата на судот, засега не ја покажува поради технички проблеми на информатичкиот систем, велат од судот.
Судскиот совет утврди дека судијата известител ги пречекорил временските рокови за одлучување, со што целиот предмет може да застари.
