Павлов ќе се бори за злато на 49 Европско првенство

01.05.2014 20:19

Македонското карате продолжува да жнее медали на континенталните шампионати. Првиот ден на 49 ЕП во Тампере ни донесе огромен успех, со пласманот на Емил Павлов во големото финале во категорија -60 килограми. Тој оствари четири ефектни победи и обезбеди најмалку сребрен медал. Најпрвин го совлада Един Мусиќ од БиХ со 1:0, во второто коло го декласира Швајцарецот Јаник Фаес со 5:0, а во третото ја мина најтешката пречка,фаворизираниот Французин Софиан Агуџил со кого по 3 минути борба резултатот беше 2:2, а во судиското изјаснување поуспешен беше Павлов.

Македонското карате продолжува да жнее медали на континенталните шампионати. Првиот ден на 49 ЕП во Тампере ни донесе огромен успех, со пласманот на Емил Павлов во големото финале во категорија -60 килограми. Тој оствари четири ефектни победи и обезбеди најмалку сребрен медал. Најпрвин го совлада Един Мусиќ од БиХ со 1:0, во второто коло го декласира Швајцарецот Јаник Фаес со 5:0, а во третото ја мина најтешката пречка,фаворизираниот Французин Софиан Агуџил со кого по 3 минути борба резултатот беше 2:2, а во судиското изјаснување поуспешен беше Павлов. Конечно, во мечот за пласман во финалето совладан беше и холандскиот каратист Џефри Беренс. Емил Павлов обезбеди бронза, но амбициите се да оди докрај и да го оствари сонот на генерации наши каратисти. Досега Македонија има европска титула благодарение на Наташа Илиевска во 2011 година која 2009 беше носителка на сребро, но ова е второ сениорско финале во машка конкуренција, по она на Иво Цветковски во 2007 година.

Во денешните прелиминарни натпревари во поединечна конкуренција, ниту еден од другите наши претставници не успеа да го мине второто коло. Според програмата, утре ќе биде свеченото отворање на шампионатот во 17 часот, а претпладне се натпреварите екипно, каде што Македонија има женски ката тим, додека во борби имаме свои репрезентации и во машка и во женска конкуренција.

Натпреварите се одржуваат во хокеарската сала “Хакаметса“ во Тампере, со учество на околу 500 каратисти од 44 земји. Македонија има  бројна екипа од 17 натпреварувачи, кои се натпреваруваат и во кати и во борби, поединечно и екипно.