САД воведува визи за уште 25 граѓани на Белорусија
Стејт департментот досега воведе забрана за издавање визи на 322 лица за кои смета дека ја поткопале демократијата во Белорусија...

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека режимот на белорускиот претседател Александар Лукашенко продолжува да врши репресија врз сопствениот народ и да спроведува политички мотивирани судења на демократските активисти.
Стејт департментот за да одговори на кршењето на човековите права ќе воведе 25 визни забрани поради вмешаност во уривање на демократијата. Политички мотивираните судења се најновите примери на обидите на режимот на Лукашенко да ги заплаши и угнетува оние кои бараат правда, почитување на човековите права и демократска Белорусија, посочи Блинкен.
Стејт департментот досега воведе забрана за издавање визи на 322 лица за кои смета дека ја поткопале демократијата во Белорусија од претседателските избори во 2020 година.
