Вработени во обезбедувањето на Град Скопје тврдат дека добиле отказ без причина
Од градот пак уверуваат дека станува збор за санкционирање на вработени, кои го кршеле работниот ред и дисциплина и извршиле тешки повреди на работниот процес, определени со закон и подзаконски акти и дека отказот не подразбира мобинг.

Двајца вработени во одделението за обезбедување на објекти на Град Скопје тврдат дека добиле отказно решение од секретарот на градот, Зоран Глигоров, од за нив непозната причина. Тие тврдат дека заедно со отказното решение добиле и кривична пријава, иако, според нив, не сториле никакво кривично дело.
Од градот пак уверуваат дека станува збор за санкционирање на вработени, кои го кршеле работниот ред и дисциплина и извршиле тешки повреди на работниот процес, определени со закон и подзаконски акти и дека отказот не подразбира мобинг.
Посочуваат дека Елвис Симоновски е отстранет од работното место поради тешка повреда на работното место, нарушување на работниот процес, прекршување на актите за работа и законот, додавајќи дека не смее и нема да бидат под уцена од криминалци.
Според нив за Симоновски има казнена евиденција и кривично досие и во повеќе наврати е пријавуван за извршени кривични дела, како фалсификување на исправа, затајување и тешка кражба.
