Евроинтеграции

Маричиќ: Потврден е европскиот пат, треба само да го задржиме стабилен

17.01.2023 19:40

Политичко обединување и гаранција дека нема да стагнира земјата и дека ќе продолжи да се движи по патот кој носи стабилност, просперитет, нови можности и кој гради уредена држава, во која има функционални демократски институции, посочи Маричиќ.

Заменик претседателот за на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, на годишниот мултимедијален јавен настан на ЦИВИЛ – „Перспективи 2023“, вели дека Северна Македонија веќе го има потврдено европскиот пат, но дека сега треба да се задржи стабилен. 

За тоа ни е потребен сериозен политички консензус околу прашањето за иднината и правецот на движење на Северна Македонија во следните 10 години. Тоа е темелот и предуслов за успешно заокружување на овој национален проект, рече Маричиќ.

Тој додава дека граѓаните бараат и сакаат концепт кој носи извесност, реформи, неповратни фондови за развој на земјата и затоа според Маричиќ ова ќе биде година која ќе им потврди на граѓаните кој е искрен во намерите за трансформација на македонското општество на подобро, а кој бега од промените кои ги носи процесот на преговори.

Политичко обединување и гаранција дека нема да стагнира земјата и дека ќе продолжи да се движи по патот кој носи стабилност, просперитет, нови можности и кој гради уредена држава, во која има функционални демократски институции, посочи Маричиќ.

Тоj потенцира дека последните години Владата покажува искрен и отворен пристап во спроведувањето на реформите и дека застануваат одговорно пред прашањата од областа на правосудството, борбата против корупцијата, подобрувањето на слободата на медиумите и слободата на изразување, кои беа со забелешки и во Извештајот на Европската комисија за 2022 година.

Ги актуализиравме овие клучни прашања со цел поинтензивно да продолжат реформите и напредокот во најважните поглавја во преговорите со ЕУ. Владата има јасен план и визија на европеизација и трансформација на македонското општество, која ќе овозможи земјата да се движи по зацртаната траекторија кон ЕУ, вели Маричиќ.

Маричиќ истакна дека ова е време кога треба да се надминат тесно-партиските интереси, и да не дозволиме, после 17 години поминати во чекалната на ЕУ, да се однесуваме неодговорно и да се доведеме во ситуација домашен политички фактор да биде кочница и да ја блокира државата на патот кон ЕУ.