Пораст на производството на млеко

02.05.2014 09:17

Последниве 4 години производството на млеко се зголемува. На пример од само откупот на кравјото млеко е повеќе за 11 проценти

На  почетокот на годинва откупот на  кравјото млеко е  поголем за 11,3 проценти во споредба со истиот период  лани.

Просечните цени за 4 години покажуваат тренд на пораст за 17 насто во просек , а во 2013 тие се  повисоки за 3,80 денари за литар.

И просечниот откуп на овчото млеко е поголемо за  23 проценти последниве години.

Цената лани е поголемена е за скоро 3,5 денари за литар споредена со онаа во 2010-та година.

Во козарството ,пак, иако  се  бележи поскап откуп на млекото од 12 на 18 денари за литар, сепак  податоците покажуваат годишно намалување на  производството  за 10,5 проценти.