Временска прогноза

Релативно топло со повремени врнежи од дожд

18.01.2023 08:13

Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 70 км/час). Дневната температура ќе се движи од 6 до 16 степени...

Променливо облачно и релативно топло со повремени врнежи од дожд, особено во западните и крајните источни делови. Снег ќе врне само на највисоките врвови. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 70 км/час). Дневната температура ќе се движи од 6 до 16 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремен слаб дожд. Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец. Максималната дневна температура ќе достигне до 15 степени.