Македонија

Ковачевски во посета на Институтот за македонски јазик

18.01.2023 09:21

Димитар Ковачевски и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска ќе го посетат Институтот за македонски јазик...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска со почеток во 12:30 часот ќе го посетат Институтот за македонски јазик – „Крсте Мисирков“, по повод завршувањето на Проектот за дигитализација на материјалите од картотеките, соопштија од влада.