МВР

МВР: 129 санкционирани возачи во Скопје

18.01.2023 09:35

На територија на град Скопје изречени се вкупно 129 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина шест санкции, шест мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за непочитување на првенство на минување...

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден, продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 129 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина шест санкции, шест мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за непочитување на првенство на минување.

Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за недавање на првенство на минување на пешаци. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заеднички да се придонесе за посигурни патишта.