ОЈО
Скопјанец осомничен за силување
18.01.2023 10:46
Осомничениот 24-годишен скопјанец, на 13 јануари, во стан на улицата „Мавровска“, извршил обљуба врз девојка со која претходно бил во неколкумесечна љубовна врска...

Осомничениот 24-годишен скопјанец, на 13 јануари, во стан на улицата „Мавровска“, извршил обљуба врз девојка со која претходно бил во неколкумесечна љубовна врска. Тој влегол во станот во кој престојувала оштетената и иако таа се спротивставувала, со употреба на физичка сила и удари, ја принудил на сексуални односи.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство и можност тој да го повтори делото.
