Индонезија

Силен земјотрес од 7 степен ја погоди Индонезија

18.01.2023 10:52

Силен земјотрес од 7 степени според Рихтер ја погоди денеска провинцијата Северен Сулавеси во Индонезија, соопшти агенцијата за геофизика на земјата, додавајќи дека нема потенцијал за цунами...

Силен земјотрес од 7 степени според Рихтер ја погоди денеска провинцијата Северен Сулавеси во Индонезија, соопшти агенцијата за геофизика на земјата, додавајќи дека нема потенцијал за цунами.

Пацифичкиот центар за предупредување од цунами, сепак, предупреди дека постои ризик од бранови од цунами лоцирани на 300 километри од епицентарот.

Индонезиската агенција соопшти дека епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 64 километри, 141 километар југоисточно од градот Мелонгуане.