Непал
Нема преживеани во авионската несреќа во Непал
18.01.2023 10:57
Непалските власти денеска соопштија дека нема преживеани во најсмртоносната авионска несреќа во земјата во последните 30 години, иако спасувачките екипи сè уште трагаат по останките на последниот исчезнат патник...

Непалските власти денеска соопштија дека нема преживеани во најсмртоносната авионска несреќа во земјата во последните 30 години, иако спасувачките екипи сè уште трагаат по останките на последниот исчезнат патник.
Идентификацијата на телата е отежната поради состојбата на посмртните останки, изјави полициски службеник кој се наоѓа на местото на спасувањето.
Спасувачките екипи во понеделникот успеаја да ги пронајдат двете црни кутии од патничкиот авион.
