Холандија
„Патриот“ за поддршка на Украина
18.01.2023 11:04
Холандија ќе ѝ го испрати на Украина системот за противракетна одбрана „Патриот“...

Холандија ќе ѝ го испрати на Украина системот за противракетна одбрана „Патриот“. Холандскиот премиер Руте кој е во посета на Вашингтон рече дека Холандија во тоа ќе им се придружи на Соединетите Американски Држави и Германија. Бајден му заблагодари на Руте на цврстата поддршка за Украина.
Претходно месецов, Германија се согласи да му испорача на Киев 40 оклопни транспортери „Мардер“ и ракетна батерија за противвоздушна одбрана „Патриот“.
Соединетите држави ветија еден систем „Патриот“ во декември минатата година како дел од еден од големите пакети за воена помош што ѝ ги доставија на Украина.
