Украина

Украинскиот министер за внатрешни работи загина при пад на хеликоптер во Киев

18.01.2023 11:31

18 луѓе загинаа, меѓу кои и министерот за внатрешни работи на Украина, откако хеликоптер се урна покрај градинка во источното предградие на главниот град Киев...

18 луѓе загинаа, меѓу кои и министерот за внатрешни работи на Украина, откако хеликоптер се урна покрај градинка во источното предградие на главниот град Киев.

Меѓу загинатите има и три деца, а уште 15 се згрижени во болница. Повредени се 29 лица. Монастирски бил со уште осум други во хеликоптерот. Тој е највисокиот украински функционер што загинал од почетокот на војната.