Брисел

Европскиот парламент одлучува за наследникот на Каили

18.01.2023 12:41

По корупцискиот скандал во кој беше вмешана поранешната потпретседателка Ева Каили, европратениците избираат нејзин наследник...

По корупцискиот скандал во кој беше вмешана поранешната потпретседателка Ева Каили, европратениците избираат нејзин наследник.

Луксембуршкиот социјалдемократ Марк Ангел е главен кандидат за потпретседател на Европарламентот. По аферата „Катергејт“ продолжи и дебатата за контрола на лобистите и за неопходните антикорупциски реформи.

Европарламентарците, аферата ја гледаат како можност за воведување построги правила за лобирање и поголема транспарентност.