Украина

Врвот на украинското МВР загина во пад на хеликоптер

18.01.2023 13:09

Се урна хеликоптер кај Киев, загина украинскиот министер за внатрешни работи Денис Монастирски. Во несреќата уште десетина загинати. Од падот на хеликоптерот уништена Националната служба за итни случаи. Холандија ќе и го испрати на Украина системот за противракетна одбрана „Патриот“. Во регионот Запорожје пристигнале првите доброволци од Србија...

Во хеликоптерска несреќа во близина на Киев загинале 18 лица. Меѓу нив се и украинскиот министер за внатрешни работи Денис Монастирски, неговиот заменик и еден државен секретар.

Хеликоптерот се урнал во близина на градинка во местото Бровари. Во градинката имало деца кога паднало леталото.

„Имаше силна врева, токму овде над дваесет и првата куќа. А потоа 5 минути подоцна, имаше експлозија, голем пламен. Хеликоптерот се запали.“

„Тоа беше над нашата куќа, одевме и слушнавме врева. Беше таква бучава. Тогаш се крена страшен пламен. Кружеше хеликоптер. Бидејќи сите беа дома беше осум часот наутро. Кружеше, гореше и кружеше во тој правец. Разбрав дека го избрал најмалиот објект, бидејќи таму имало двокатна зграда, а овде имаше 10 ката. Пилотот направил херојски чин.“

Во хеликоптерот имало девет лица, шест членови на оперативниот тим на МВР, меѓу кои и раководството на МВР, како и тројца членови на екипажот на државната служба за вонредни состојби.

Според шефот на претседателската администрација, Тимошенко, прерано е да се зборува за причините за несреќата.

„Патриот“ за поддршка на Украина

Холандија го испраќа на Украина системот за противракетна одбрана „Патриот“. Холандскиот премиер Руте кој е во посета на Вашингтон, рече дека Холандија во тоа се придружува на Соединетите Американски Држави и Германија. Претходно Германија се согласи да му испорача на Киев 40 оклопни транспортери „Мардер“ и ракетна батерија за противвоздушна одбрана „Патриот“.

Првите доброволци од Србија стигнаа во Запорожје

Во регионот Запорожје пристигнаа првите доброволци од Србија кои ќе почнат борбена обука како дел од доброволниот баталјон „Судоплатов“. Српски доброволци заедно со борци од Русија учествуваат во сите борбени вежби на еден од полигоните во Запорожје за натамошно учество во специјалната воена операција. Официјален Белград побара од српските државјани да не се вклучуваат во војната во Украина.

Марина Ристова