ДКСК

Се бара одговорност од Спасовски за „Беса Транс“

18.01.2023 13:19

Антикорупционерите бараат Владата да утврди одговорност за министерот Спасовски во врска со несреќата на „Беса Транс“. Доказите со кои располагаат ќе ги достават до Обвинителството...

Антикорупционерите бараат од Владата да утврди одговорност за министерот за внатрешни Спасовски, во врска со несреќата на „Беса Транс“ во која животот го загубија над 40 лица. Доказите со кои располагаат ќе ги достават до Обвинителството каде веќе е отворен предмет. Тие според комисијата укажуваат дека министерот Спасовски предолго не го потпишувал решението за прекин на дејноста вршење технички прегледи на „Виа Комерц“, токму каде автобусот на „Беса Транс“ го направил последниот технички преглед кратко време пред сообраќајна незгода на автопатот „Струма“ во Бугарија.

Антикорупционерите ќе побараат измени на кривичниот законик заради злоупотреби на ресурсите и оштетување на буџетот од страна на функционерите. Владата да внимава порачаа од комисијата во врска со сè почестите случаи на именување исти лица на повеќе функции како што е случајот со развојна банка каде три лица биле и во комисија и во надзорен одбор.

Комисијата ќе достави претставка до обвинителскиот совет за обвинителката Наташа поп Трајкова во врска со случајот Холидеј ин која пред една година ги известила дека предметот е даден на вештачење и веќе нема никаква активност.

 

Фиљана Кока