Во Тетово по светиот крст се фрлија тројца верници
И на денешниот празник Водокрст се спушта Светиот Крст во црковниот базен во храмот пресвета Богородица во Тетово. Традицијата со благослов од тетовското архијерејско намесништво е стара речиси 4 децении...

По светиот крст во црковниот базен годинава се фрлија тројца верници. Најсреќен беше Димитар Спасевски, кој за прв пат учествува на оваа повеќе децениска традиција.
Од црковниот одбор, велат дека традицијата е востановена пред речиси 4 децении, со благослов на тетовското архијерејско намесништво. Прекини имало само за време на воениот конфликт и пандемијата.
Од тетовското архијерејско намесништво велат дека нема ништо спорно со денешното фрлање на крстот, оти тоа е благословено, затоа што на Водокрст се осветиле и водите на реката Јордан. По повод денешниот празник, митрополитот на Тетовско-гостиварската епархија г. Јосиф, отслужи света божествена литургија.
Во тетовско утре на празникот Водици, крстот ќе се спушта во сите црковни базени во православните храмови.
Зоран Димовски
