Прилеп

Меѓународен тим за заштита на Трескавец

18.01.2023 13:22

Дали конечно и официјално ќе почне заштитата на црквата на Трескавец која е во алармантна опасност поради влагата? Прилепскиот музеј годинашниве активности ги фокусираше на решавање на проблемот. Составен е меѓународен тим, Министерството за култура доби два проекта...

Меѓународен тим со експерт од Грција, со професори од Градежниот факултет, стручни лица од ИЗИС и од прилепскиот завод и музеј годинава се фокусирани на решавањето на алармантниот проблем – влагата која ја стави во опасност деветвековната црква на Трескавец, „Успение на пресвета Богородица“. Министерството за култура, од музејот доби два проекта кои експертите ги условија со неколкумесечен рок.

Од музејот не се сомневаат во поддршката од министерството. За обновата на Трескавец државата досега вложи 2,5 милиона евра по пожарот пред 10 години.

На локалната самоуправа и остана обврската да ги гради водоводот и пречистителната станица за конечно да се стават во функција обновените конаци на Трескавец.

Елизабета Митреска