Кочани

Пожарите во кочанско ставени под контрола

18.01.2023 13:26

Кочанските пожарникари доцна во ноќта ги ставија под контрола пожарите кај селата Горни Подлог, Грдовци и Мојанци. Опожарени се триесеттина хектари сува трева, изгореа неколку плевни и земјоделска механизација. Надлежните со апел да запре оваа штетна земјоделска практика, екологистите бараат системско решение...

Секоја година гори Кочанско Поле заради палење на стрништата. Земјоделците не ја напуштаат праксата, која вчера попладне во сериозна опасност од опожарување го стави имотот на жителите во кочанските села Грдовци, Мојанци и Горни Подлог.

Огнот од стрништата екстремно го загадува воздухот во целиот регион. Еко активистите сметаат дека репресивните мерки не даваат резултати, бараат системско решение и вложување во механизација за преработка на сламата.

Надлежните апелираат да запре праксата за палење на остатоците после жетва. Во справување со пожарите кои беа активни до доцна во ноќта и кои зафатија 30 хектари сува трева и неколку плевни, успешно се справија 30 пожарникари и членови на доброволното Противпожарно друштво од Кочани, кои 12 часа се бореа со огнената стихија.

Славица Величковска