Министерката Петровска во посета на Воената академија
„Развојот на Воената академија останува да биде еден од приоритетите на Министерството за одбрана зашто тука се создаваат идните лидери во Армијата на Република Северна Македонија. Академијата е суштински дел од одбранбениот систем на државата и затоа мораме да продолжиме заеднички да ја развиваме“, рече министерката за одбрана Славјанка Петровска...

„Развојот на Воената академија останува да биде еден од приоритетите на Министерството за одбрана зашто тука се создаваат идните лидери во Армијата на Република Северна Македонија. Академијата е суштински дел од одбранбениот систем на државата и затоа мораме да продолжиме заеднички да ја развиваме“, рече министерката за одбрана Славјанка Петровска при денешната посета на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ каде се сретна со деканот, полковникот Митко Богданоски, со научно наставниот кадар и дел од питомците на Академијата.
На средбата со деканот на Академијата, полковникот Богданоски, министерката беше информирана за активностите во 2022 година и плановите за тековната година. Полковникот Богданоски информираше и за акредитацијата на студиските програми за втор циклус студии во периодот 2022 – 2027 година и реакредитацијата на студиските програми за прв циклус на студии.
При посетата, министерката Петровска разговараше и со дел од питомците на Воената академија, на кои им порача да бидат активни, да ги развиваат своите способности и своите знаења зашто тие се идните офицери на македонската Армија и од нив зависи како ќе се развива Армијата во годините кои доаѓаат.
