Заштита на јазикот

Дигитализирани над пет милиони записи на Институтот за македонски јазик

18.01.2023 14:01

Над пет милиони ливчиња со запишани стари македонски зборови и дијалекти од деветте картотеки на Институтот за македонски јазик, кои со децении се чуваа во картонски кутии и беа во опасност да бидат загубени, уништени или оштетени, сега се трајно заштитени во дигитална копија и на микрофилм...

Зад нас е историска година во којашто целокупното творештво и сите картотеки во Институтот за македонски јазик од изминатите 70 години се дигитализирани и трајно заштитени за идните генерации, а достапни за лингвистички истражувања. Над пет милиони ливчиња, јазични записи, грижливо и посветено собирани со децении на терен од вработените во Институтот, од истражувачи, студенти и вљубеници во јазикот, се трајно заштитени, рече директорката Грујовска.

Заштитени се обемни картотеки од различни области на македонскиот јазик, дигитализирани се 12 збирки, создадени се 425 микрофилмови, преку кои е зачуван целиот дијалектолошки и ономастички материјал на македонски јазик, рече министерката за култура Костадиновска.

Според премиерот Ковачевски, судската постапка за клубот на македонски јазик во Грција не може да се коментира, се очекува одлуката во февруари, кога треба да се донесе пресудата. Министерката за култура очекува дека забраната побарана од грчката окружна обвинителка нема да се случи.

Александра Спировска