Книги и наставни материјали за Институтот „Конфуциј“

02.05.2014 10:40

Mинистерот за образование и наука Спиро Ристовски и ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Велимир Стојковски  денеска ќе го посетат  Институтот „Конфуциј“ по повод доделувањето  донација од Централната управа на институтите „Конфуциј“ од НР Кина.
 
Донацијата се состои од 3.000 книги, учебници, наставни и аудиовизуелни материјали.
 
Институтот „Конфуциј“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје беше отворен во септември 2013 година, со цел изучување и промовирање на кинескиот јазик и култура и развивање на односите меѓу Народна Република Кина и Република Македонија.