Агенција за туризам

Туристичка промоција со фокус на шпанскиот туристички пазар

18.01.2023 15:53

Македонскиот штанд ги отсликува туристичките атракции на дестинацијата, со акцент на активниот, културниот, руралниот и ено-гастро туризмот. На штандот на Северна Македонија има и претставници од приватниот сектор, односно тур операторите „Touring Macedonia“, „MacSun“ и „Time to travel“- информираат од Агенцијата за туризам.

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот продолжува со промотивните активности за нашата дестинација со учество на интернационалната саемска туристичка манифестација „Фитур 2023“, која се одржува во Мадрид, Шпанија од 18-ти до 22-ри јануари.

Мадрид е центар на Светската туристичка организација и очекувањата на македонскиот туристички сектор се подобро авионско поврзување со Шпанија, кое треба да ефектуира со резултати приближни или подобри од 2019 година.

Македонскиот штанд ги отсликува туристичките атракции на дестинацијата, со акцент на активниот, културниот, руралниот и ено-гастро туризмот. На штандот на Северна Македонија има и претставници од приватниот сектор, односно тур операторите „Touring Macedonia“, „MacSun“ и „Time to travel“- информираат од Агенцијата за туризам.

Дополнително повеќе од 15 македонски туроператори се дел од саемот за туризам во Мадрид, што овозможува уште поголем фокус на шпанскиот, португалскиот и латиноамериканскиот пазар.

„Фитур“ претставува водечки саем за туризам кој поврзува повеќе континенти и преку кој постои можност за вмрежување помеѓу македонскиот и не само шпанскиот туку и европскиот и светскиот приватен сектор.