Македонија

Се празнува Водокрст, ден пред големиот христијански празник Богојавление- Водици

18.01.2023 16:24

Со Водици завршуваат некрстените денови. Ден пред големиот христијански празник Богојавление- Водици, на празникот наречен Водокрст, секоја година се извршува голем богојавленски водосвет. Ден на строг пост, во кој се пости само на вода. Богојавление- Водици е еден од најголемите и најтешки христијански празници. Се смета дека на тој ден сите води се крстени и исто така оној што ќе го најде крстот ќе биде среќен во следната година. Традиционално утре во повеќе градови верниците ќе скокаат во водата по крстот. Во главниот град пријавени се околу стотина...

Ден пред големиот христијански празник Богојавление – Водици, на празникот наречен Водокрст секоја година се извршува голем богојавленски водосвет.

На овој ден се осветува водата за која се верува дека е лековита и чудотворна и се нарекува „богојавленска вода“.

Празникот е познат под имињата Водокрштение и Водокрст, или Водопост, како ден на строг пост, во кој се пости на вода. Верниците се упатија кон храмовите да се помолат за здравје и да земат осветена вода.

Осветената вода верниците ја носат дома и ја користат цела година. Отец Копчаревски вели дека водата е чувар од секакви видливи и невидливи непријатели.

Со Богојавление и Свети Јован Крстител се познати како тројство празници. Со нив се развиле и народните обичаи.

Има и изумрени обичаи, раскажува етнологот Малинов. Во реката Вардар било обичај младоженците кои биле венчани претходната година да влезат во водите на „Машки Водици“, а на „Женски Водици“, односно на 20-ти јануари влегувале невестите.

Со Водици завршуваат некрстените денови. Верувањата се дека во реката Јордан, на покрстувањето, Исус Христос ги потопил гревовите на луѓето.

Ана Јосифоска Тодоровска