Регион

Словенечката полиција разби меѓународен картел на дрога

18.01.2023 19:21

Криминалната организација била предводена од триесетиедногодишник од Јесенице, Словенија којшто организирал шверцување на кокаин и други дроги од Северна Европа во Словенија.

Словенечката полиција заплени автоматски пушки, различни халуциногени дроги и над 300 илјади евра со што разби меѓународен картел на дрога. Акцијата е резултат на двегодишната истрага во соработка со австриската полиција.

Криминалната организација била предводена од триесетиедногодишник од Јесенице, Словенија којшто организирал шверцување на кокаин и други дроги од Северна Европа во Словенија.

Во акцијата биле вклучени 500 полицајци кои реализирале 50 истраги при што се приведени 29 лица.