Политика

Меџити: Поголема демократија во рамки на партиите на власт

18.01.2023 21:03

Потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити вели- ова е политичка принципиелна борба внатре во Демократската унија за интеграција.

Не сметаме дека се потребни парламентарни избори, туку поголема демократија во рамките на партиите на власт, став на потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити по средбата на т.н. „Огнена група“ со младите во Македонскиот народен театар.

Меџити вели, ова е политичка принципиелна борба внатре во Демократската унија за интеграција.

Не гледам зошто опозициска партија би влегла во владината коалиција на една година пред избори – став на Меџити за евентуалниот влез на Алијанса за Албанците во владината коалиција.