Православните верници го слават Богојавление-Водици
На овој ден во реките се положува светиот крст, а оној кој ќе го фати, се верува дека ќе го следи среќа и благослов цела година. Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа...

Православните христијани го празнуваат Богојавление-Водици. Точно напладне поглаварот на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија, г.г. Стефан ќе го спушти крстот во водите на Вардар, од мостот „Слобода“, во центарот на Скопје. Претходно, во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ ќе се одржи литургија.
Богојавление-Водици се одбележува и во другите епархии на МПЦ-ОА, како и во помесните православни цркви низ светот кои се водат според Јулијанскиот календар.
На овој ден во реките се положува светиот крст, а оној кој ќе го фати, се верува дека ќе го следи среќа и благослов цела година. Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа, а се верува дека со положувањето на крстот, водите стануваат лековити.
