Воен конфликт
Продолжуваат борбите, се активира истрагата за хеликоптерската несреќа во Украина
19.01.2023 09:15
Руското МНР предупреди дека Москва ќе си ја постигне целта и покрај т.н. „хибридна војна“ на Западот, но и дека ќе преземе воено-технички мерки доколку Финска и Шведска влезат во НАТО.

Продолжуваат борбите околу Бахмут и Маринка. Руското МНР предупреди дека Москва ќе си ја постигне целта и покрај т.н. „хибридна војна“ на Западот, но и дека ќе преземе воено-технички мерки доколку Финска и Шведска влезат во НАТО.
Во меѓувреме, се активира истрагата за падот на хеликоптерот во кој загинаа 14 лица, вклучувајќи го и украинскиот министер за внатрешни работи Монастирски.
