Лајчак в петок во посета на Белград и Приштина
Официјален Белград ја обвини владата на спротивната страна за обид за поттикнување на нова криза на северот на Косово, нагласувајќи дека полицијата повторно не им дозволувала на возилата со ознаки КМ да поминат преку Јариње и Брњак.

Специјалниот претставник за дијалогот Белград-Приштина Мирослав Лајчак в петок во посета на двата града во рамките на напорите за нормализирање на односите меѓу Србија и Косово.
Официјален Белград ја обвини владата на спротивната страна за обид за поттикнување на нова криза на северот на Косово, нагласувајќи дека полицијата повторно не им дозволувала на возилата со ознаки КМ да поминат преку Јариње и Брњак.
Косовскиот премиер Курти во интервју за швајцарски „Блиц“ порача – оптимист сум, со Србија може да се постигне договор за неколку месеци.
