Фудбал

УЕФА викендов експериментира

02.05.2014 11:18

Во Молдавија од денеска до понеделник ќе се одржи јуниорски фудбалски турнир, под капата на европската фудбалска федерација. Нема да биде тоа толку интересно за потенцирање, доколку европската куќа на фудбалот не се реши за експериментирање овоие ќетири дена. Еве за што станува збор.

Доколку играч добие жолт картон, истиот ќе биде санкциониран и со 10 минути ”одмор“ на клупа.

Потоа, ако натпреварот заврши нерешено, тогаш веднаш се оди на изведување на пенали. Ова и не е некоја значајна промена, ако се знае дека попрецизниот тим од белата точка, складира два бода на своето конто, на сметка на трите кои следуваат по регуларна победа.

Дали овој пробен метод, ќе го видиме во сениорска конкуренција, или ќе си остане само на мала тест ”игра“ на претпоставените за изуми во УЕФА, како и секогаш, времето ќе каже и покаже.