Гутереш со песимистички прогнози за светот
Најновите податоци покажуваат рекордно високи температури на Гренланд во последните илјада години. Вината за овој тренд научниците ја бараат во климатските промени, кои според нив, се предизвикани од луѓето.

Генералниот секретар на ОН, Гутереш со песимистички прогнози за иднината на човештвото. На Светскиот економски форум во Давос изјави дека глобалната состојба е тажна поради серија испреплетени предизвици, со акцент на климатските проблеми и војната во Украина.
Најновите податоци покажуваат рекордно високи температури на Гренланд во последните илјада години. Вината за овој тренд научниците ја бараат во климатските промени, кои според нив, се предизвикани од луѓето.
„Заложбата за раст на температурата од 1,5 степени веројатно нема да се оствари. Ако не дејствуваме, одиме кон раст од 2,8 степени, а последиците, како што веќе знаете ќе бидат катастрофални“, изјави генералниот секретар на ООН, Антониот Гутереш.
За критичарите, политичарите на четиридневниот настан се лицемерни бидејќи зборовите не ги претвораат во дела, алудирајќи на приватните авиони со кои дојдоа до Швајцарија и кои испуштаат штетни гасови.
