Штип

Памукот, афионот и шеќерната репка исчезнаа од македонските ниви, за да се вратат потребна е стратегија

19.01.2023 11:08

Земјоделските култури карактеристични за ова поднебје, како памукот, афионот и шеќерната репка скоро целосно исчезнаа од нивите. Се работи за перспективни култури – сметаат агрономите, кои може повторно да се произведуваат доколку државата ја реализира земјоделската стратегија на дело…

Шеќерната репка исчезна од македонските ниви заради тоа што никој не врши откуп, афионот не се сади заради законските бариери за негово производство, а за памукот немаме потребна механизација. Ова се главните причини зошто земјоделските култури кои беа карактеристични за ова поднебје, со години не се произведуваат. За да се вратат на нивите, потребна е организација

Шеќерната репка престана да се произведува пред 15 години, откако се приватизираше фабриката во Битола која производството го продолжи со суровини од увоз. Памукот е перспективна култура, но недостига механизација.

Агрономите сметаат дека државата има утврдено земјоделска стратегија и програми за добра земјоделска пракса, но проблемот е во нејзината реализација на терен.

Славица Величковска