Челзи во 1/8-финалето, уште пет празни места од „Е-Х“ групите во ЛШ
Челзи е петтиот тим што избори осминафинале, иако вторпат сезонава загуби од Базел. И со поразот од 1-0 во Швајцарија ја остави зад себе ланската елиминација и како прв во групата “Е“ ќе го дочека последното коло, бидејќи Шалке 04 одигра 0-0 кај Стеауа. Во директниот двобој кој понатаму, Шалке ќе влезе со бод помалку од Базел, но ќе игра на свој терен.

Во групата „Ф“ некој може да извиси дури и со 12 бода. Борусија во Дортмунд со 3-1 го совлада Наполи, ставајќи го пред речиси невозможна мисија. Пандев одигра 75 минути за калчо-тимот кој напаѓаше и создаваше шанси, но „милионерите“ погодуваа во целта преку Ројс од пенал, Блашчиковски и Обамејанг. Инсиње беше само почесен стрелец за Наполи, кој во последното коло ќе мора со најмалку три гола разлика да го победи Арсенал. Топчиите славеа над Марсеј со двата гола на Вилшер и се во поповолна позиција заедно со Борусија, на која и претстои гостување кај испаднатиот француски тим.
Место со очекуваните домашни победи, дуелите од групата „Г“ завршија нерешено 1-1. Зенит не го совлада речиси резервниот состав на Атлетико Мадрид, а Порто киксираше со Австрија Виена. Шпанците се сигурни, Порто е втор, но со послаб биланс од Зенит, па во последното коло ќе брка гостински триумф над Атлетико и ќе се надева дека рускиот првак нема да се радува во Австрија..
Барселона пресета дека нема скапо да ја чини и поразот од 2-1 од Ајакс, кој славеше со головите на Сереро и на Хесен, а Чави од пенал само ублажи. Во Шкотска против Селтик, пак, Кака, Запата и Балотели му донесоа на Милан прв гостински триумф сезонава, по што „росонерите“ се со бод повеќе од Ајакс и го пречекуваат на „Сан Сиро“ во последното коло. За сигурно прво место, Барса ќе има зицер на „Камп Ноу“ против елиминираниот Селтик.
Драган Николовски