Здравје со маслинки

02.05.2014 11:22

Маслинките содржат антиоксидант и каротеноид што се вика лутеин. Лутеинот помага да се уништат слободните радикали во телото, кои се заслужни за појава на рак. Штитат од рак на дебелото црево, жолчката, желудникот и простатата. Природата на антиоксидантите содржани во маслинките штити од штетните ефекти на сонцето врз кожата. На долг рок, штитат од предвремено стареење, создавање брчки на лицето и создаваат отпорност на рак на кожа.

Маслинките се особено добри за здравјето на дигестивниот систем. Лесни се за варење а истовремено го помагаат и дигестивниот процес. Затоа се добри против запек. Штитат и од чиреви и гастритис во желудникот, како и од формирање камчиња во жолчката. Маслинките и маслиновото масло се здрави за кожата. Како резултат на масните киселини што ги содржат, тие претставуваат природен навлажнувач на кожата. Витаминот Е во нив на кожата ѝ дава природен сјај. Маслинките се познати по тоа што се добри за кардиоваскуларното здравје и штитат од срцеви и мозочни удари. Тие, всушност, помагаат во намалувањето на нивото на лошиот холестерол во крвта и го зголемуваат нивото на добриот холестерол. Флавоноидите и антиоксидантните агенси ги предизвикуваат овие реакции во телото. Менопаузата предизвикува многу проблематични симптоми.

Еден од нив се нападите на жештина и потење. Маслинките го намалуваат овој симптом. Научниците предлагаат дека јадењето маслинки ја намалува можноста од развој на дијабетес подоцна во животот. Антиоксидантите во маслинките го подобруваат видот на тој начин што ја јакнат ретината. Мононезаситените масти, витаминот Ц и полифенолите се наоѓаат во изобилство во маслинките. Овие антиоксиданти помагаат во уништувањето на слободните радикали во телото кои предизвикуваат воспаленија.

Маслинките можат да помогнат и во воспалителните нарушувања како остеоартритис и ревматоиден артритис. Витаминот Ц присутен во маслинките на многу начини му помага на телото, па така и во случаите на астма. Тој ги намалува симптомите од астмата. Високиот процент на железо содржан во маслинките помага во создавање повеќе црвени крвни клетки, што помага ткивата да го добијат потребното количество на кислород. Така, тие што страдаат од анемија, може со задоволство да јадат маслинки. Маслинките влијаат на намалување на крвниот притисок поради присуството на мононезаситени масти.