Куманово: Субвенции за комуналии за ранливи граѓани
Општина Куманово и оваа година ќе обезбеди субвенции за комунални услуги за ранливи категории граѓани. За првпат годинава ќе се доделат средства и на корисниците на гарантирана минимална помош, коишто живеат под кирија.

Граѓани од повеќе ранливи категории од Куманово ќе бидат опфатени со мерката субвенционирање на трошоци за комунални услуги, односно за вода за пиење и депонирање на смет од буџетот на општина Куманово. Согласно буџетот планирано е да бидат опфатени 450 кумановци, самохрани родители, стечајци, лица со попреченост, деца без родители. За оваа субвеенција ќе бидат одвоени 6.480.000 денари. Вкупно за програмата за социјална заштита за 2023 година општината определи финансиска рамка од речиси 14 милиони денари. Освен, оваа субвенција, првпат финансиски ќе се поддржат и корисниците на гарантирана минимална помош (ГМП) коишто живеат под кирија.
„Оваа услуга ќе се реализира преку две мерки за помош на лицата корисници на ГМП, субвенционирање на трошоци на комунални услуги за вода од 900 денари на секој корисник на месечно ниво и депонирање на смет од 300 денари за секој корисник. тука е и тој новитет субвенционирање на трошоци за кирија од 2.000 денари на месечно ниво. за оваа намена од буџетот се предвидени средства од 576.000 денари“, истакна Александар Крстевски, раководител на Сектор за социјална заштита при Општина Куманово.
Буџетот на Општина Куманово предвидува и четири милиони денари за одредени елементарни непогоди, а по семејство се исплаќа од од 10 до 30.000 денари. За еднократна парична помош или помош во натура, обезбедени се 1.500.000 денари.
Елена Георгиевска
